Алонсо не се откажува од титулата

Фернандо Алонсо изјави дека не се откажува од шансите за титула оваа сезона споредувајќи се со 2010 и 2012 година кога немал најбрз болид. 

Во моментов тој е на трета позиција со заостанување од 51 поен зад Макс Верстапен, откако  заврши во топ 4 на сите трки и е 12 поени зад вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.  Сепак тој не се откажува до крај. 

Имавме и претходно вакви ситуации каде бев водечки иако не бев најбрз и ја имаме оваа сезона каде Ред Бул и Макс доминираат на секоја трка.

во 2010 година немавме најбрз болид и бевме водечки во Абу Даби. Во 2012 година немавме шампионски болид и се боревме до последниот круг во Бразил, Но шампионатот е долг и не се откажуваме.

Потребни ни се викенди каде Ред Бул ќе има проблеми како со Серхио и нема да завршат трка или нема да освојат поени. Доколку и Макс го направи тоа ќе сме поблиску. Тоа е моторспортот и се може да се случи. Мислам дека немаме шанса, но не се откажуваме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ