Алонсо објасни што мислел додека го напаѓал Окон на стартот

Фернандо Алонсо ја објасни својата порака на радио кога лут се пожали за одбраната на Естебан Окон на стартот на трката во Унгарија. 

Двојката од Алпин има добро партнерство додека се заедно дел од тимот, а на ланското издание од трката крај Будимпешта, задржувањето на Алонсо на Луис Хамилтон му донесе триумф на французинот Окон. 

На крајот на трката, Алонсо го помина Окон, но и двајцата загубија поради лошата стратегија на Алпин. 

Вистината е дека морав да успорам во првиот, вториот и петтиот свиок бидејќи тој беше доста агресивен во одбраната. Добро е што немавме контакт и на крајот ме пушти да го престасам. Тоа не промени многу за тимот и најважно е што имаме исто поени како Мекларен – вели нандо.

Алонсо и Окон освоија поени, а од Мекларен поени донесе само Норис. 

Секој поен се смета оваа сезона. Трката започна од добра позиција, но ја загубивме и на крајот дури и оваа позиција бараше многу борба. Знаевме дека ќе биде тешко со едно застанување, но тоа се случува. 

Неполни 24 часа подоцна, Астон Мартин објавија дека Алонсо ќе премине кај нив наредната сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ