Алонсо: Одлично е ако Андрети дојде во Ф1

Фернандо Алонсо изјави дека би биле одлични вести доколку Мајкл Андрети направи тим во Формула 1. 

Претходно оваа сезона беше најавено дека семејстото Андрети сака да влезе во тркачката серија и веќе поднеле официјално барање, но има неколку тимови кои се против тоа бидејќи наградниот фонд ќе мора да се дели на повеќе делови, односно приходите на екипите ќе се разводнат.

Алонсо, кој возеше за Андрети Аутоспорт во партнерство со Мекларен и Хонда на Индијанаполис 500 во 2017 година, смета дека тоа би било одлично за спортот. 

Секако дека доаѓањ на андрети во формула 1 е одлична работа. Го знам Мајкл многу добро и познавам семејството.

Тие се легенди во моторспортот и Доколку ги имаме во Формула 1 тоа се одлични вести. спортот би имал голема корист од тоа и очигледно Мајкл сака да е дел од спортот.

Имаат можности, ресурси и талент за да се во Формула 1. Се надевам дека тоа ќе се случи во наредните години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ