Алонсо откри дека Алпин имаат различно серво управување

Двократниот Формула 1 првак, Фернандо Алонсо, објасни кко бил приморан да го промени својот возачки стил за да извлече максимум од болидот на Алпин.

Шпанецот заврши надвор од поени поради тоа што се обиде “на сила“ да комплетира трка со едно застанување за промена на гуми, нешто што му го уништи ритамот и пласманот и финишираше на 17то место.

овој болид има различен пристап во однос на серво управувањето и чувството кое целиот систем на управување го нуди. јас сум навикнат на друг тип на серво управување, а ова е нешто што конечно како дел го добивам и јас.

има повеќе работи на кои треба да се навикнам затоа што овој болид има поинакви карактеристики и поинаку се однесува.

со големата промена на правилата која следува догодина, нема никаква смисла да се прави промена на концептот на болидот, така што до мене е да се прилагодам на болидот како што знам – откри алонсо.

Неговиот колега и овој пат беше посилниот возач на Алпин и заврши во поени, но губеше позиции како одминуваше трката. Фернандо е свесен дека доколку тимот од Енстоун сака 5то место кај конструкторите, мора да се подобрат.

најважно во моментов е да се извади максимум од болидот, зборам за себе и мислам дека ги идентификувавме областите каде можеме да извадиме уште. работиме на тоа и ќе имаме интензивен период.

мислам дека можеме да бидеме 5та екипа зад ферари и мекларен, тоа е добро затоа што на првите две трки беше тешко за нас да влеземе во к3.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ