Алонсо откри: Шумахер ми беше како учител

Фернандо Алонсо се тркаше против неколку светски прваци во својата кариера, но откри дека Михаел Шумахер имал особено големи влијание врз него.

Шпанецот откри дека го чувствува Црвениот барон како свој учител откако му беше најжесток конкурент кога стигна до своите две титули.

апсолутно шумаер го вадеше најдоброто од мене. за мене михаел беше најголем ривал на кој можам да помислам во кариерата, ми беше многу години како учител затоа што бев млад и доаѓав во формула 1.

се најдов во ситуација да се борам за титула за која во тој момент можеби не бев доволно пдоготвен за нешто толку крупно, а крај мене михаел имаше огромно знаење, искуство и пристап кој не познаваше откажување – откри нандо.

Фернандо сеуште е импресиониран од тоа што Шумахер го постигнувал додека се бореле заедно во ситуација во која Ферари болидот бил инфериорен во однос на Рено.

секогаш беше на посебно ниво затоа што се сеќавам на некои трки кога јас имав подобар болид во рено одошто тој во ферари, имавме предност во гумите, севкупно имавме подобар пакет. потоа задоволни влегувавме на квалификациите и не бевме многу изненадени кога освојувавме пол позиции. потоа одите во парк ферме и одеднаш гледате на екранот дека шумахер е веднаш зад вас. едноставно не беше можно затоа што колку лош и да беше, никогаш не беше полош од второ место.

беше неверојатно колку перформанси носи во неконкурентен и слаб викенд. едноставно беше магичен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ