Алонсо: Очекувавме вакви квалификации

Фернандо Алонсо откри дека место во долниот дел од топ 10 биле квалификации како што Алпин очекувале од Франција.

Шпанецот ќе тргне од 5от ред откако постави 9то квалификациски време и смета дека извадил се што можел од А521 болидот на тимот.

задоволен сум од резултатот и мислам дека очекувавме такво време и таков пласман. нашиот ритам во пресрет на квалификациите беше добар и мислам дека искористивме најголем дел од круговите кои ги одработевме – откри нандо.

Возачите пред него стартуваат на исти гуми, така што Алонсо предвидува тешка трка и тешка борба.

ќе биде многу тешко на трка затоа што сите болиди се брзи и се на исти гуми. се на се, ние сме задоволни од нашата почетна позиција и сметаме дека ќе дојдеме до поени ако добро се подготвиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ