Алонсо планира максимален напад во Монако

Фернандо Алонсо посочи дека на претсојната трка во Монако ќе напаѓа повеќќе одошто на било која друга трка затоа што смета дека доминацијата на Ред Бул нема да биде толку голема.

Дури 4 пати на првите 5 трки тој завршува на подиум зад возачите на Ред Бул и во моментов Астон заостанува 122 поени на 2ро место од поредокот. Иако “биковите“ имаат совршен почеток на актуелната сезона, постои шанса невообичаеното Монако и карактеристиките кои патеката ги има да ги ограничат нивните перформанси поради тоа што се работи за бавна патека каде претенувањето е невозможно.

Иако во пресрет на трката екипата од Милтон Кинс е фаворит, заканата за дожд во текот на викендот е нов и голем предизвик за возачите.

не ми е гржа дали ќе биде суво или мокро како лани. се чувствувам исто како и пред било која трка затоа што не сметам дека сме најсилни и нема да биде потешко од баку која е исто така улична патека или пак мајами. ферари беа извонредни во баку така што може и овдека да имаат супер трка.

ќе лажам ако кажам дека не доаѓам овдека со помисла дека можам да победам затоа што не е така и знам дека ова е единствена ваква можност сезонава. монако и сингапур треба најмногу да ни одговараат на пакетот така што најважно да стекнам самодоверба на тренинзите за да минувам блиску до оградата. секако дека ќе напаѓам повеќе одошто на било која друга трка – посочи нандо.

Шпанецот се надева дека “биковите“ може да имаат некаков проблем со својот болид иако е свесен дека Чеко Перез е одличен на улични патеки, но не заборава дека тој веќе има два триумфи во Монте Карло.

мислам дека тие се дефинитивно далеку најдобри, вршат подобра работа од било кој, доминираат сезонава и ги заслужуваат резултатите. ние постигнуваме одлични резултати во моментов и не очекувавме да сме во така добра позиција секој викенд. 

има неколку трки, како на пример оваа која претстои на кои ќе дадам се од себе за да победам затоа што сметам дека имам шанса. сепак, можеби ќе биде наш лош викенд и ќе останеме надвор од поени, се е можно.

ова е посебна патека и можност да извадие максимум. менувачот на макс откажа во саудиска арабија во вториот дел од квалификациите, а во австралија болидот на чеко имаше проблем. така, ако нешто слично им се случи во недела, ќе биде многу интересно. ние никогаш нема да се откажеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ