Алонсо повеќе не е амбасадор на Мекларен

Фернандо Алонсо и Мекларен официјално ја прекинаа својата формална соработка, а шпанецот повеќе нема да биде амбасадор на екипата.

Двократниот шампион ја одржа соработката со тимот од Вокинг минатата година, откако имаа неуспешен период помеѓу 2015 и 2018 година. Во неговата улога како амбасадор, Алосно имаше блиски врски со Мекларен, со совети кон возачите и инженерите, како и со тест за Пирели во 2019 година. Тој исто така беше дел од обидот на Мекларен да учествува на Инди500 минатата година, но тој обид заврши во разочарување откако не успеаја да се квалификуваат.

Договорот на Алонсо како амбасадор заврши на крајот на годината, а Мекларен сега потврдија дека истиот нема да биде обновен за 2020 година.

Фернандо е возач од светска класа и му посакуваме се најдобро во иднина. Иако нашата соработка завршува, тој секогаш ќе биде дел од Мекларен семејството – гласи изјавата на тимот.

Тимот беше јасен минатата година со своите намери да продолжи со Карлос Саинз и Ландо Норис во иднина. Алонсо од скоро учествуваше на Дакар релито, а неговата следна трка ќе биде Инди500 со Андрети Аутоспорт. Тој беше јасен дека би разгледал можности за враќање во Ф1 од 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ