Алонсо: Подобрувањата во Ф1 не се секогаш потребни

Фернандо Алонсо смета дека промените кои се прават во Формула 1 не се секогаш потребни за да се подобри шоуто. 

Формула 1 пробува нов спринт формат оваа година и последниот таков настан ќе биде во Бразил во Ноември. Со тој формат, квалификациите се одржуваат во Петок, додека во Сабота има куса спринт трка, а главната трка останува во Недела. 

Мислам дека Формула 1 секогаш цели кон подобрувања кои не се секогаш потребни. ниту еден спорт не прави вакви промени.

Фудбалот е една од игрите каде има здодевни натпревари секоја недела, но не се прават промени. Нема драма бидејќи спортот е таков. Формула 1 треба да е среќна и горда – смета нандо.

Алонсо појасни дека доколку не успее спринт форматот, тогаш треба да се вратат кон квалификации со еден обид за да се промени гридот. Форматот се користеше три сезони и имаше квалификации од еден час. 

Бидејќи сакаме да се подобриме, мислам дека петокот ќе го диктира викендот бидејќи квалификациите се прават според перформансите на болидот, а не од информациите на возачот.

Доколку се користи еден сет на гуми и имаш еден обид, тогаш ќе биде важен возачот. Кога имаш еден час со шест сета гуми и правиш повеќе грешки имаш повеќе слобода. Ставаш нови гуми и пробуваш да се подобриш.

Идејата за обратен грид не е фер бидејќи сум во послаб болид во моментов. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ