Алонсо полн со пофалби: Макс и Ред Бул се неверојатни годинава

Фернандо Алонсо е полн со пофалби за актуелниот првак, Макс Верстапен и неговиот во однос на тоа како ја одработија сезонава, посочувајќи дека возачот ќе станува се подобар.

Возачот на Алпин имааше 25 години кога дојде до својата втора титула со Рено в0 206 година, додека Макс ќе го изедначи неговиот рекорд затоа што во Петок наполни исто толку години. Запрашан дали вториот наслов ќе го стави Верстапен помеѓу легендите на спортот, Алонсо изјави:

мислам дека да. тој има 24-25 години и има уште многу пред себе, но му посакувам повеќе среќа од мене затоа што и јас имав 26 години со неговата статистика, а сега имам 40 и бројките ми се исти. ссигурен сум дека во ред бил добро ќе се погрижат за него во иднина – свесен е алонсо.

Тој го пофали возачот и тимот за нивните овогодишни перформанси, а во исто време ги нападна и Ферари што не успејаа да искористат од предноста на почетокот на годината.

немаше некаква силна борба годинава. ќе биде важна сезона затоа што правилата се многу променети и секогаш ќе се сеќаваме кој победил во првата сезона со нови правила.

ферари имаа многу силен болид, но макс и ред бул беа неверојатни. нема борба затоа што ред бул и верстапен беа класа за сите, но немаат некој супериорно доминантен болид, ферари се многу блиску, ако не и пред нив, но грешат.

ред бул заслужи се, мислам дека во моментов се најдобра екипа и имаат најдобар возач така што логично е да победат. сигурен сум дека верстапен ќе победи, прашање е дали во јапонија ќе освои титула.

Шпанецот ја пофали способноста на Верстапен да биде многу брз уште од самиот почеток на викендот.

тоа не се учи, тоа мора да го имате. има возачи на кои им треба повеќе време за да станат брзи, на кои им требаат проучување на повеќе информации, цел петок анализираат што да направат и се споредуваат со колегите, на тој начин полека прават напредок за да бидат на 100% на квалификациите.

останатите, најдобрите се на 100% уште од првиот петочен тренинг, а макс е токму таков, секогаш е таков уште од деновите додека се тркаше во картинг така што не треба никого да изненади.

Споредувајќи се со Верстапен, тој дополни:

и јас се сметам за таков, тоа е моја силна страна, поради тоа престанав да се тркам во формула 1 во 2018 година и правев различни работи затоа што мојата кариера во формула 1 повеќе не напрадуваше. сакав предизвик во некоја друга категорија, со различни возила и се обидував да победувам и на други место.

интересно е кога во петок макс верстапен е 2,5 секунди пред сите по првиот круг, а потоа сите остнати напредуваат и се приближуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ