Алонсо призна дека победа на Дакар е невозможна

Фернндо Алонсо смета дека шансите да ги победи прашината и песокот и да победи на легендарното рели Дакар се невозможни дури и на хартија.

Шпанецот отвара нов дел од својата кариера во Недела кога од Џеда во Саудиска Арабија почнува најновото издание на Дакар релито, а тој ќе биде во култниот Тојота Хилукс. 38-годишниот двоен Формула 1 шампион и Ле Ман победник оди во непознато во текот на 12те денови возење низ пустината, згора на тоа и немаше којзнае каква подготовка и искуство.

знаеме дека статистиката вели дека само еден од четворица кој ја почнуваат трката стигнуваат до целта и знам дека ќе биде премногу тешко. не сметам дека е многу поразлично од формула 1, но сепак предизвикот е различен и секако дека знам оти на хартија е невозможно да победам туку треба што повеќе да научам – искрен е нандо.

Негов колега во возилото ќе му биде четирикратниот победник на Дакар, но со мотор, Марк Кома, можеби најдобриот навигатор и советник кој можел да го добие. Тојота се надеваат оти на тој начин ќе го подготват одлично шпанскиот шампион.

подготовките кои ги имав минатите неколку месеци ме направија пдобар возач што беше еден од моите приоритети кога се соочувам со вакви нови предизвици, да бидам подобар на крајот од секој од нив.

морам да пристапам на ова рели со одредена доза на смиреност, не сакам д почнам и да се откажам по неколку денови поради некаква глупава грешка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ