Алонсо: Разликата меѓу Алпин и Мекларен е загрижувачка

Фернандо Алонсо верува дека Мекларен се побрзи од Алпин и дека разликата од половина секунда со Ландо Норис на квалифиакциите е загрижувачка.

Мекларен и Алпин имаат ист број на поени во шампионатот на конструктори и се борат за 4та позиција. Францускиот фабрички тим на претходните трки покажаа напредок во перформансите, но Мекларен донесоа доста надградби во Франција.

Алонсо влезе во К3 и се квалификуваше на седма позиција, доека Окон заврши на 12то место по што се пожали дека имал ужасна сесија. Норис ќе стартува од петта позиција разделувајќи ги двата Мерцедеса.

Искрено имавме високи очекувања по Силверстон и Австрија. Мислевме дека ќе сме понапред, но АлфаТаури и мекларен донесоа доста надградби.

Да бидам искрен, кога видов дека Ландо е половина секунда напред сфатив дека е премногу за нас и е загрижувачки, Но да видиме какво ќе биде темпото за трка утре и како ќе биде со менаџирањето на гумите и стратегијата – не е претеран оптимст двократниот шампион.

Лорен Роси, Главниот извршен директор на Алпин, изјави дека тимот е разочаран од проблемите и Алонсо призна дека немал лесен викенд.

На квалификациите ветрот се вртеше за 90 степени и имаше страничен ветер на правците. Немавме лесен викенд и ова беше максимум од нас.

Високите температури се дополнителен предизвик за менаџирање на гумите и малата брзина во боксот ќе направи доста проблеми.

Гумите имаат проблем во долгите свиоци со температура и трошење. Ова е најдолга линиј пред боксовите во шампионатот и мислам дека е 27 секунди. Едно застанување би било идеално. Ќе видиме како ќе биде со стратегијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ