Алонсо сака три трки во Америка

Возачот на Алпин, двократниот првак Фернандо Алонсо, изјави дека сака да види три трки во Америка во некоја од наредните сезони. 

Сопственикот на Формула 1, Либерти Медиа, реши повеќе да работи да го зголеми присуството на спортот во Америка. По успехот на серијата Drive to Survive се зголеми интересот на американците за Формула 1, а сопствениците на Формула 1 донесоа уште една трка во Мајами. 

Но, Либерти продолжуваат да разгледуваат опции за организирање на трета трка. Се размислвуа за Лас Вегас или Индијанаполис. 

Немам проблем со повеќе трки. Очигледно Америка е главна цел на Либерти во моментов. Има гласини за различни места како Лас Вегас или Индијанаполис, Но ајде прво да видиме како ќе биде во Мајами.

Возбуден сум што ќе возиме уште една трка во Америка наредната година. Тоа е нова трка во нов град и мислам дека Формула 1 заедницата за прв пат ќе го открие Мајами. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ