Алонсо свесен дека нема да може против Ред Бул

Фернандо Алонсо изјави дека Астон Мартин сеуште не е во позиција да го победи Ред Бул на трката во Саудиска Арабија иако стартува покрај Серхио Перез од првиот стартен ред.

Двојниот шампион имаше трето најбрзо време, но поради казната на Леклер, ќе стартува покрај Ред Бул болидот на Перез. Астон имаа силни квалификации, се оочекува да бидат уште посилни на трка, но не доволно за победа бидејќи “биковите“ се во посебна лига.

Тој верува дека нивната цел е да ги победат останатите болиди како Ферари, Мерцедес и Алпин кои се нивен фокус.

Не знам, но мислам дека не сме во позиција. Имаме брзина, но Ред Бул се надвор од нашата лига и се концентрираме на другите тимови.

Ферари се силни, Мерцедес и Алпин исто така. Нашата трка е со тие зад нас. Видовме дека Макс е во посебна лига, но имаше проблем. Фокусот е во нашите ретровизори и тоа што ќе се сличи пред нас можеби ќе ни даде шанса.

Не сакам да сум песимист, но морам да бидам искрен. Не ни е цел да се бориме за победа. Формула 1 не е математика и се може да се случи – свесен е нандо.

Алонсо очекува тесна борба со ривалите бидејќи разликата на долгите серии е премала, но АМР23 добро ги користи гумите и тоа е важно.

Ќе биде тесна трка. важен е стартот и менаџирањето на гумите. Стратегијата ќе биде исто важна, Но видовме минатата година колку среќа е потребно и безбедносното возило игра важна улога.

Целиме на поени и тоа е најважно. Ќе дадеме се од себе бидејќи на долгите серии не ги оптеретуваме гумите. Се надевам на многу среќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ