Алонсо: Фановите треба да ја решат иднината на спринтовите

Плановите за продолжува со спринт трки и оваа година се во завршна фаза, а Фернандо Алонсо смета дека фановите треба да се послушаат во врска со променетиот формат од лани.

Во 2021 година на три Гранд При тркачки викенди имаше 100-километарски спринт трки кои го одлучуваа стартниот поредок. Силверстон, Монца и Интерлагос бе домаќини на променетиот тркачки формат, а спортот најави шест такви викенди за оваа година. Но, проблеми се појавија што поголемите екипи сакаат да бидат “дебело“ компензирани за појавување на тие шест дополнителни куси трки, така што шефот на Мекларен, Зек Браун, откри дека може и да нема спринтови годинава поради неможност да се постигне компромис.

променетиот формат е направен за фановите, за да се подобри спектаклот, да се привлече различна публика во спортот и поради тоа сметам дека треба тие да се прашаат што мислат за таквиот викенд и таквата промена.

за екипите не беше ниту добро ниту лошо, беше само различно. подготвени сме за поразличен викенд и на крајот на денот исто е за сите и мораме да дадеме приоритет на фановите и нивното мислење, што тие сакаат да видат – посочи нандо.

Првиот круг на Алонсо на првиот спринт во Силверстон беше еден од моментите за паметење, мина пет болиди и драстично ја подобри својата позиција за стартот на трката. Двократниот првак посочи дека е поразлично д асе одработи таков викенд со помалку тренинзи.

среќен сум затоа што тоа ни ја нарушува рутината на викендот, а тоа е интересно. прави повеќе стрес со само една тренинг сесија пред парк ферме и две трки. лани беше добро за нас и поради тоа јас имам добро мислење за спринтовите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ