Алонсо: Хамилтон немаше да има таков живот со нормален болид

Фернандо Алонсо смета дека моќноста на болидот на Луис Хамилтон му дозволува да има животен стил каков што практикува.

Британецот е на патот да стигне до рекордните седум шампионски титули годинава, а редовно е во центарот на вниманието надвор од патекате, така што Нандо смета дека тој може да се луксузира поради тоа што има болид со кој лесно освојува титули.

Алонсо беше запрашан да направи споредба помеѓу легендарниот Михаел Шумахер и актуелниот првак Луис Хамилтон.

секој има свој различен карактер, а двајцата доминираа поради силните болиди што им дозволуваше да прават што сакаат надвор од формула 1.

михаел беше многу дисциплиниран и подготвен и беше целосно посветен на тимот.

луис е различен карактери, но немаше да може да има таков животен стил доколку имаше нормален болид. во тој случај неговите шефови немаше да бидат воопшто среќни – анализира алонсо за италијанска La Gazzetta dello Sport .

Шпанецот откри и дека имал понуди да се врати на гридот во 2020 година, но истите ги одбил поради тоа што сметал дека не е вистинско време за тоа.

имаше 2-3 дискусии со неколку екипи, имавме контакт, но мислам дека во моментов не е вистинско време да се вратам.

тоа што ми недостасува од формула 1 е прецизната работа со инженерите и оптимизацијата за време на трките. но, има многу патување, последователни трки и само еден тим победува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ