Алонсо: Хамилтон секогаш се жали

Фернандо Алонсо изјави дека Луис Хамилтон секогаш се жали и дека шампионот не бил среќен со неговите одбранбени потези во Унгарија. 

Хамилтон жестоко се бореше со Алонсо многу кругови во обиди да го престаса и го задржа британецот доволно за да му помогне на Естебан Окон да дојде до својата прва победа. 

Луис секогаш се жали. Не слушнав ништо од ФИА така да се е во ред – потврди алонсо. 

Фернандо заврши на 5та позиција што е најдобар резултат за него оваа сезона. 

Дадов се од себе. Жестоко се борев да го задржам Луис зад себе бидејжи тоа беше важно за Окон да победи бидејќи Хамилтон беше многу брз, но важно беше и за Макс.

Беше многу стресно. Предноста на Луис беше огромна и тоа што го задржав толку кругови е вистинско чудо. Очигледно победата за тимот е извонредна. Среќен бев со стартот што ништо не ми се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ