Алонсо ја посети фабриката на Рено

Фернандо Алонсо се врати во Формула 1 тимот на Рено откако ја посети нивната фабрика во Енстоун и се сретна со инженерите како дел од подготовката за негово врачање во фабричката екипа догодина.

Рено објавија негова слика во тимска облека, прв пат откако потпиша договор за следната година по двегодишно отсуство од спортот, а во негово присуство беше и главниот инженер на трка во тимот, Кларон Пилбим.

неверојатна возбуда е враќањето во фабриката. дојдов во рено во 2002 година кога имав само 21 година и го знам секој дел овдека, секој ходник, секоја врата … денеска е многу посебен ден за мене – напиша алонсо на својот твитер профил.

Неодамна беше откриено дека Рено преговара со ФИА за да добие дозвола да го смести Нандо во болид на тимот за време на пост сезонскиот тест во Абу Даби кој е наменет за млади возачи со помалку од 2 Гранд При трки зад себе.

на почетокот беше многу повеќе за иднината, зборувавме за 2022 година и се концентриравме на неа отпишувајќи ја 2021 година, но како што видовме, почнуваме да имаме интересни и силни битки на патеката, а фернандо “сака крв“ на позитивен начин.

тој сака да се увери што има на располагање, гледа добра можност во тимот и она што го имаме годинава, нивото на конкурентнос и веројатно ќе сака повеќе и догодина – откри ситил абитебул, шефот на рено.

Нандо има две титули со Рено и тоа во 2005 година и 2006 година како и вкупно 17 победи со нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ