Алонсо ќе има и втор тест со Рено во Бахреин

Фернандо Алонсо ќе ја продолжи својата тест програма со Рено следната недела кога ќе тестира РС18 болид на тимот стар две години на патеката во Бахреин.

Шпанецот сериозно се зафати за подготовка за следната сезона и неговото враќање во спортот како замена за Даниел Рикардо. Многу често е во Енстоун каде работи на симулаторот на екипата, а имаше и ден за снимање, ограничен на 100 километри, со тековниот болид на автодромот крај Барселона. Исто така, викендов тој ќе биде присутен во падокот како дел од тимот на Рено.

Фабричката екипа притиска Нандо да добие дозвола да тестира заедно со дебтиантите во Абу Даби по крјот на сезоната, но бараат и други можности за да го стават во болидот.

следниот чекор за фернандо и неговоро враќање во формула 1 е дводневен тест со рс18 во бахреин следната недела, односно на 4 и 5 ноември. останете со нас – напишаа од рено на нивниот официјален твитер профил.

Во пресрет на Португалското Гранд При, Рено потврдија дека на Бахреин ќе тестираат со членовите на својата Академија на почетокот на Ноември при што шанса ќе добијат Лунгаард, Пластри и Жу. Поради тоа што тестот ќе биде со стар болид со кој нема ограничување на километрите, на истиот тест ќе се појави и Алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ