Алпин веруваат во победа или подиум

Фернандо Алонсо дојде до предниот дел на гридот во Канада од каде стартуваше, но во текот на трката “падна“ на 7та позиција и подоцна откако доби казна заврши на 9та. 

Но, Алпин се сигурни дека доаѓаат подобри моменти за тимот. Шефот Отмар Шафнауер изјави дека се надеваат на победа или подум оваа сезона, а Алонсо ги импресионираше сите со квалификациите кои се најдобри за него од 2012 година. 

Тој беше одличен. Стартуваше од првиот ред и Имаше силен старт, а подоцна “падна“ поради проблем со болидот. Без тоа и безбедносното возило тој ќе завршеше две места погоре – посочи американскиот шеф на екипата.

Времето на квалификациите на Алонсо беше поставено на различни услови на патеката, но Шафнауер појасни дека тој бил извонреден во целата ситуација. 

Разликата беше огромна на крајот. Естебан се приближуваше, Но условите на патеката се менуваа како и возењето на Фернандо. Тој беше побрз од останатите и неговото искуство му помогна. 

Целта на Алпин оваа година се промени и Шафнауер појасни дека целат на високо место, но само во вистинските околности. 

Верувам дека може до победа или подиум, Но добро е ако го стигнеме третиот тим во доволно трки и да освоиме доста поени. Се надевам на подум или победа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ