Алпин ги има најизедначените возачи на гридот

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, верува дека неговите возачи се доста слични со перформанси и поради тоа водат блиска борба. 

Алонсо има освоено 50 поени покрај 45 на Окон и на квалификациите се доста еднакви. Поради ваквиот успех, Алпин се на 5та позиција пред АлфаТаури. 

Двајцата возачи константно освојуваат поени. Тие се доста слични и мислам дека имаме доста силни возачи. работат напорно заедно и уживаме во можноста да се форсираме и да го носиме тимот напред. Тркањето е напорно и фер и редовно освојуваме поени – посочи полјакот.

Алпин немаа перформанси на Монца, по што Алонсо и Окон не освоија поени. Будковски се надева дека во Сочи ќе имаат подобар успех. 

Одиме на Сочи по трите трки во Белгија, Холандија и Италија. Верувам дека Сочи повеќе ќе ни одговара и ќе бидеме поконкурентни од Монца. Се боревме на спринтот, но имавме лоши квалификации. Освоивме поени на последните 13 трки и сме во борба за петтата позиција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ