Алпин ги покажа шарите “ко за зимски тест“

Планот на Рено за нивниот ребрендиран тим Алпин Ф1 стана појасен откако тие ги прикажаа шарите со кои ќе биде обоен овогодинешниот болид за време на зимските предсезонски тестови.

Рено Груп се раздели со досегашниот шеф, Сирил Абитебул, и одлучија да го сменат иметоа на тимот. Иако се очекува на болидот да доминираат црвена, бела и сина боја сепак беа објавени слики со привремени шари на болидот.

Директорот за дизајн Антони Вилан изјави:

Боите презентирани денеска се прва објава за новиот Алпин Ф1 идентитет. Некои структурни графички елементи ќе останат дел од боите додека останатите ќе ги промениме. Големиот амблем Алпин во три бои ќе биде јасен симбол на брендот. Тоа се боите на франција и британија и тие се важни за нас.

Првиот болид на Алпин ќе се вика А521. А500 е именување за Ф1 проектот додека 21 доаѓа од годината во која ќе се вози.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ