Алпин и Мекларен сакаат без казни да ја завршат годината

Алпин и Мекларен жестоко се борат за 4то место во конструкторскиот поредок, така што двете екипи се надеваат дека без казни ќе ја завршат сезоната.

На шест трки пред крајот, француската фабричка екипа има 18 поени предност во однос на Мекларен откако се драстично посилни од нив на трките во вториот дел на сезоната. А522 се чини посилен од својот конкурент од Вокинг, но патеите кои бараат многу потисна сила до крајот на сезоната може да го вратат МЦЛ36 во игра.

Во Монца откажа моторот на Даниел Рикардо поради протекување на масло од него, така што тој е на самиот лимит и секоја следна промена ќе значи казна, но Сеидл посакува тоа да не се случи.

целта е да се дојде до крајот на сезоната без дополнителни казни. на спа мислам дека сите тимови кои користат мерцедес мотор ја добија последната спецификација, единствено ландо норис доби казна од претходен проблем.

низ минатите неколку години видовме дека на патеки како спа или монца очекуваме да се претекнува и поради тоа екипите се решаваат таму да променат мотори со казна, така што тоа што се случи во белгија и италија не е изненадување – посочи сеидл.

Алпин решија на Монца да додадат неколку елементи од моторот на Естебан Окон кој беше при крајот, а спортскиот шеф Алан Перман инсистира дека се работело за стратешки потег и дека до крајот на годината не се планираат повеќе казни.

на фернандо не му требаше нов мотор на монца, а кај естебан сметавме дека ќе биде стратешка предност ако добие нов мотор за остатокот од тој викенд. окон беше цел на стратешка промена за д ане се случи на некоја од следните трки.

на фернандо не му недостасуваат мотори иако не велам дека до крајот нема да се случи нешто непредвидено и на него да му затреба нов мотор, но во моментов е се според планот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ