Алпин незаинтересирани за Гасли

Постојат гласини кои велат дека во Алпин размислуваат во иднина да го ангажираат Пјер Гасли во тимот, но Главниот извршен директор на компанијата, Лорен Роси, верува во Естебан Окон кој има иднина во екипата.

Иднината на Пјер по крајот на оваа година не е јасна затоа што има договор со АлфаТаури валиден до крајот на оваа сезона, но според Роси, во моментов не се размислува да се ангажира во француската фабричка екипа.

не бараме возачи за следната година затоа што во моментов наш приоритет е естебан. фернандо алонсо останува кај нас и следната година и сакаме да го пренесеме моментумот кој го имаме со него и во иднина. пјер е одличен возач, но во моментов не размислуваме за него – појасни роси.

Окон го импресионираше тимот од почетокот на сезоната и редовно е подобар од својот колега, искусниот двократен шампион Фернандо Алонсо, така што дури и Мерцедес, чиј штитеник е подолго време, почнаа да размислуваат за него. Тото Волф најави дека доколку се откажат од некој свој возач за догодина, сигурно дека Окон и Расел се во пол позиција за замена.

добро е што тото откри што сака затоа што и ние сакаме да го имаме кај себе. естебан прави се што може за да остане во екипата и ќе биде штета ако замине. во моментов разговараме со неговиот агент, неговиот менаџмент од мерцедес. тој е фантастичен возач и среќен сум што имаме проблем да го обезбедиме затоа што тоа е убав проблем – дополни роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ