Алпин нема да дозволат проблеми помеѓу Алонсо и Окон

Од Алпин се децидни дека нема да дозволат проблематично ривалство помеѓу Фернандо Алонсо и Естебан Окон и на тој начин дестабилизација на екипата.

Враќањето на шпанецот на гридот по двегодишна пауза секако дека е мотив за докажување на младиот французин, Естебан Окон, кој како штитеник на Мерцедес ја одработува својата последна сеозна во фабрички Рено.

Нандо има историја дека е безмилосен кон своите конкуренти во минатото, а Алпин се свесни дека треба будно да го следат развојот на настаните во нивниот однос. Амбасадорот на брендот, Алан Прост, смета дека во Енстоун се свесни со ризикот од дестабилизиран Окон и поради тоа ќе дадат се од себе да го избегнат тоа.

не е нормално да имате дестабилизиран возач во тимот. нормално е да има некаков вид на психолошка војна затоа што вообичаено е секогаш еден возач да биде подобар од другиот.

ако еден возач има предност на една трка, а другиот на друга, тогаш работите се балансирани и добри. кога почесто едниот возач има предност, како што лани естебан искуси со даниел, тогаш работата се усложнува. многу е важно возачите да работат заедно добро и да не играат опасни игри.

годинаа ќе биде долга, а оваа сезона со пандеија воопшто не е лесна. не е многу забавно да се биде буквално заклучен во меур со големи ретрикции. динамиката и атмосферата во тимот е многу важна за перформансите и мора да се биде претпазив дека атмосферата нема да страда пред се помеѓу возачите – смета прос.

Алонсо веќе покажа решителност да се докаже сезонава и покрај тоа што мина само една трка и покрај фактот што Алпин изгледа дека не се во позиција да се борат за победи. Професорот смета дека и покрај тоа што Фернандо е карактер кој многу бара, тимот треба да му даде се што е потребно ако сака да напредува.

возач со таков карактер секогаш носи нешто. фернандо многу бара и е огромен професионалец, а тимот треба да му овозможи тоа што го сака. но, мораме да бидеме свесни дека ова не е годината каде се надеваме ека ќе победуваме на трки редовно. важно е редовно да завршуваме во поени и да се бориме на секоја трка.

но, не смееме да заборавиме дека секогаш се потребни двајца возачи за да се напредува. очекуваме многу од естебан затоа што ја познава екипата. променивме некои работи за да биде подобар, му го подобривме инженерот со цел да се чувствува поудобно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ