Алпин не успеа да излобира бришење на казнените поени на Гасли

Обидот на Алпин преку лобирање за издејствува бришење на казнените поени на Пјер Гасли поради кои може да пропушти трка, заврши неуспешно поради несогласување на дел од нивните ривали.

Новиот возач на тимот, французинот Пјер Гасли, веќе некое време има 10 казнени поени и следни два го носат на одмор на еден Гранд При викенд. Некои од неговите поени се заработени од помали прекршоци како пречекорување на границите од патеката, неговата ситуација беше причина за тимот да побара анализа на ситуацијата за некој во иднина да не се најде во исти проблем.

Шпекулациите се дека ФИА веќе се согласила да го промени начинот на кој доделува казнени поени оваа година и така, во иднина казнени поени ќе се добиваат само при опасно возење.

Гасли беше најпогоден лани и поради тоа често гласно говереше и бараше ревизија на системот, а запрашан дали е задоволен од промените на ФИА за време на Саудиското Гранд При, одговори:

нема ни да одговорам на тоа прашање, нема да добиете мој одговор и нема да коментирам ништо – беше незадовоен французинот.

Таквиот став на Пјер се должи на тоа што тој и тимот сметале дека најправилно е поените кои тој ги има добиено, а согласно новиот правилн не би требало, да се избришат од неговото конто. Отмар Шафнауер е јасен дека ФИА признала дека казнување за граници на патеката е погршно, но смета и дека Гасли треба да добие помалку поени.

правилото има два елементи, едно е за тоа што ќе се случува во иднина и за што ќе се доделуваат поени, така што решено е за нешто како граници на патеката да не се добиваат, туку само за опасно возење, што секогаш беше и намерата.

не знам како работи како прекршување на границите на патеката или возење многу подалеку од безбедносното возило се ставеи како причина за казни затоа што ен се опасно возење. како и да е, тоа е една работа и јас се согалсувам со новата инетрпретација на фиа.

сега, друго прашање е дали треба да биде ретроактивно и јас секогаш ќе кажам да затоа што мислам дека е фер. ако станеме и признаеме дека сме погрешиле, тогаш правилно е грешката да се отстрани и на тие на кои веќе им е нанесена штета.

Шафнауер на последниот состанок на Ф1 Комисијата предложил возачите кои имаат поени од некои мали и незначителни пркршоци неповрзани со опасно возење, да им бидат повлечени таквите поени. Но, некои од конкурентите на Алпин не сметале дека тоа е добра идеја, а се работи за такво прашање за кое е потребан поголема поддршка.

јас бев во малцинството со моето барање и бев во група од само 3-4 екипи кои ме поддржаа. дел од екипите не ни дадоа причина зошто не ме поддржаа, се работи за себични и опортунистички причини со надеж дека нешто ќе ни се случи на нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ