Алпин: Окон го заслужи подиумот

Спортскиот директор на Алпин, Алан Перман, смета дека подиумот на Естебан Окон е целосно заслужен иако имал мала помош од Ферари. 

Французинот Окон стигна до трета позиција на квалификациите откако Леклер доби казна од три места на гридот. 

Се започна во петокот кога видовме дека имаме достоен болид и искрено ова беше викенд во кој се беше во најдобар ред. Имавме фантастични квалификации и со мала помош од Ферари стартувавме понапред. Резултатот беше заслужен – појасни перман.

Тимот беше под притисок од извршниот директор Лорен Роси кој ги нарече аматери, но одлучниот Перман објасни:

Баку беше тешка трка за нас и уште тогаш кажав дека е тешка трка и направивме грешки, Но ние сме силен тим. Покажавме во Мајами дека може да се поправиме и да бидеме посилни. Сега одиме во Барселона со крената глава за да го повториме успехот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ