Алпин: Перформансите од Катар се поважни од победата во Унгарија

Извршниот директор на Алпин, Лорен Роси, изјави дека победата на Окон во Унгарија не била најважниот момент за тимот минатата сезона. 

Окон дојде до победата во хаотичната трка во Унгарија со помош на неговиот колега Фернандо Алонсо кој го задржа Луис Хамилтон доволно за да не биде опасност за французинот. Тие 25 поени беа огромни за Алпин кои успејаа да ја освојата 5та позиција кај конструкторите, но сепак Роси смета дека во процесот на учење и напредок, Унгарија не била адекватен пример. 

Тоа беше одличен момент и доказ за нашата напорна работа, Но најголемо изненадување беше подиумот во Катар и 5та позиција во поредокот.

Има константен напредок и учење во тимот за да се изграидме како бренд. Победата беше одлична и се случи во чудни околности. Издржавме 65 кругови, но во нормални услови ќе издржевме само неколку. Тоа е важно како победа – посочи роси.

Новите правила им даваат шанса на екипите како фабричкиот Алпин кои сакаат да напредуваат. Роси се сомнева дека тимот ќе назадува и наместо тоа, тој е сигурен дека ќе се приближи на другите тимови. 

Не сме нервозни бидејќи сакаме да победиме и не чекаат многу трки и нови правила, а Полоши нема да бидеме. Мислам дека со добар развој ќе напредуваме.

Имаме развој и кај болидот и ќе бидеме поблиску. Очекуваме напредок во аеродинамиката и повеќе сила од моторот и системот за повраток на енергијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ