Алпин признаваат: Имаме премногу јуниорски возачи

Извршниот директор на Алпин, Лоран Роси, признава дека францускиот тим во моментот веројатно има премногу млади јуниорски возачи во своите редови.

Постојат три високо ценети млади возачи во Формула 2 кои се дел од Академијата на Алпин и тоа Гуан Жу, Оскар Пјастри и Кристијан Лундгард.

Сите беа импресивни во пониските серии и ќе сакаат да го направат чекорот напред до Формула 1 во следните неколку години, но наскоро нема да има простор во тимот на Алпин.

Фернандо Алонсо е “врзан“ најмалку до крајот на 2022 година, Естебан Окон ќе беше човекот што тие би го замениле, но французинот штотуку потпиша нов договор кој трае до 2024 година. Тоа го остава тимот во тешка позиција во врска со тоа што да прави со нивните млади возачи, а Роси признава дека можеби има премногу во нивните од истите.

Имаме многумина кои тропаат на вратата како Кристијан Лундгард и Гуан Жу. Тие се на една или две тренинг сесии од супер лиценцата. Оскар Пјастри веќе има супер лиценца.

Искрено, скоро и да имаме премногу од нив. Во моментов разгледуваме опции за сите нив. Без разлика дали ќе продолжат со нас, дали ќе одат во друг тим или ќе станат дел од нашиот тим како резервен возач на среден рок.

Ги разгледуваме сите овие опции и всушност имаме многу. Така, како што реков, јас сум прилично среќен со тоа.

Четири други тимови, Мекларен, Ферари, Астон Мартин и Хаас, исто така веќе ги потврдија своите тимови за следната сезона, а младата тројка на Алпин не е кандидат за слободните места. Со воведување нови регулативи, многумина претпочитаат возачи кои имаат повеќе искуство на гридот, отколку дебитант за следната сезона.

Роси сепак не е загрижен за нивната иднина, верувајќи дека тие се доволно талентирани да најдат место и тврди дека веќе е покажан интерес за нив.

Ако возачот е добар, секогаш ќе најдете место за него. Голем број тимови покажаа интерес за тројцата возачи што веќе ги споменав, така што не сум премногу загрижен за да бидам искрен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ