Алпин: Решението на ФИА не е научна фантастика

Спортскиот директор на Алпин, Алан Перман, верува дека било кое решение на ФИА за да се спречи инцидент како тој на крајот од трката во Баку не е научна фантастика. 

Естебан Окон стартуваше на хард гуми и извозе 50 кругови пред да влезе во боксот на задолжителна промена, се реши за софт поради правилот дека мора да проба две компоненти. Но, во тие моменти, фотографите и останатие лица со посебна дозвола, беа пуштени во парк ферме и му го попречија влезот во боксот. 

Ова е веќе видено И да не речам нормално, но не знам зошто фотографите беа пуштени кога сеуште тече трката. Не е научна фантастика како да се реши ова – смета перман.

Пред трката во Мајами, ФИА ќе мора да најде решение за ова. Иако Окон имал контрола врз ситуацијата, Перман изјави: 

Нашиот механичар Роб, на радио јави дека има луѓе во боксот и Естебан мора брзо да кочи доколку е потребно. Мислам дека тој имаше контрола и никој не беше во опасност, Но ме потсети на деновите од  рели. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ