Алпин сигурни дека ќе ги победат Астон и со Алонсо

Отмар Шафнауер, тимскиот шеф на Алпин, верува дека ќе бидат посилни од Астон Мартин и кога двократниот шампион и сегашен нивни возач, Фернандо Алонсо, ќе почне да вози за нив.

Откако Себастијан Фетел во пресрет на посчедниот тркачки викенд откри дека се повлекува од спортот на крајот од сезоната, Нандо потпиша повеќегодишен договор со тимот од Силверстон каде ќе вози барем до крајот на 2024 година. Шафнауер кој до лани беше шеф на Астон Мартин и претходно Рејсинг Поинт, е убеден дека може да останат пред нив во поредокот.

многу добро ги знам двете екипи затоа што 12 години бев во силверстон и ги знам сите. заминав од таму во декември кога дојдоа уште луѓе, вклучително и дан фелоус и ерик бландин од мерцедес, така што знам што сакаат да направат.

исто така, знам дека луѓето кои се со мене во алпин имат огромен потенцијал, тоа го знам. оваа екипа работи на многу повисоко ниво иако е тешко да се предвиди во иднина, но мислам дека на кус рок алпин ќе бидат побрзи од астон – посочи шафнауер.

Иако Астон регрутира многу луѓе и тоа го прават јавно, Алпин исто така носат технички персонал во голем обем, но тоа го прават тивко и во позадина.

имаме интерна програма наречена “планинарење“ која има цел да донесе дополнителни 75 луѓе во стратешки значајните области од тимот што треба да ни помогне да бидеме подобри како екипа. заедно со тие 75 луѓе се подобруваме во секој сегмент, нови алати за симулација, нов симулатор, проширени производни капацитети, подобрување на воздушниот тунел, се со цел за 100 трки да можеме да победиме.

сето тоа се случува овдека во алпин и тоа многу брзо, така што во моментов сме со 850 вработени. убеден сум дека ќе бидеме посилни од тимот каде ќе оди фернандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ