Алпин тврдат дека нивниот мотор е само десетинка зад ривалите

Од фабричкиот Алпин, тим кој користи мотор на Рено, демантираат дека невозможно е да стигнат до врвот до 2026 година поради својот мотор.

Агрегатите се замрзнати за развој се до крајот на оваа ера на мотори односно до крајот на 2026 година, а Фернандо Алонсо се жалеше на изгржливоста на агрегатот сезонава со кој имаше многу проблеми.

прво мораме да асе осигураме дека проблемите не се повторуваат, а потоа ќе се насочиме на развој на следнито агрегат. работиме на тоа веќе неколку месеци – откри бруно фамин, шефот на одделот за мотори во вири за германски Auto Motor und Sport.

Тој посочи дека Рено не се виновни за сите проблеми кои се појавиле годинава.

имавме проблеми и со делови од надворешни снабдувачи, но тоа не е важно, ние сме одговорни да проериме се како пакет да се осигураме дека моторот како целина е издржлив.

Тој не жали што фокусот пред оваа сезона бил целосно кон подобрување на перформансите пред замрзнувањето на развојот, нешто што целосно има смисла.

доста ризикувавме и се обидовме да го направиме моторот колку што е можно полесен. резутатот беше дефинитивен скок на перформансите за сезонава и заостаток зад мерцедес, ферари и хонда во разумни граници.

согласно правилата кои се на сила, нема начин да се истисне повеќе моќ од моторот, но можеме да го подобриме пакувањето, така што енстон да добие подобра аеродинамика.

често има подобрени перформанси со подобрена издржливост, ако се подобрат одредени делови, тогаш агрегатот може повеќе да се вози на лимитот.

Главниот извршен директор на брендот Алпин дополни:

моторот не чини десетинка, најмногу две.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ