АлфаТаури го задржува Тсунода и догодина

АлфаТаури и формално потврдија дека Јуки Тсунода ќе продолжи да се трка за нивната екипа и следната сезона.

Јапонецот дојде во Формула 1 во пресрет на минатата сезона откако три години претходно напредуваше низ сите јуниорски тркачки категории. Минатата дебитантска сезона забележа најдобар пласман на 4то место на крајот од сезоната во Абу Даби, но имаше само 3 топ 10 пласмани годинава екипата назадуваше низ поредокот.

Се очекуваше Јуки да остане дел од тимот, а сега тоа и официјално е потврдено.

сакам многу да им се заблагодарам на ред бул, хонда и алфатари што продолжуваат да ми даваат можност да возам во формула 1. се преселив во италија лани за да бидам поблиску до патеката и се чувствувам како дел од тимот така што ми е мило што ќе продолжам да се тркам за нив и во 2023 година.

секако дека оваа година сеуште не е завршена и мораме да продолжиме да притискаме силно во борбата во средината на поредокот и јас сум фокусиран на силен крај од првенството – посака тсунода.

Во моментов Тсунода е на 16то место во возачкиот поредок, а тимот сеуште нема потврдено втор возач за следната година иако Пјер Гаси има валиден договор, но и силен интерес од Алпин. Доктор Хелмут Марко сакаше да го ослободи Гасли од обврските само доколку Колтон Херта дојде во тимот, но тоа е повеќе невозможно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ