АлфаТаури убедени дека се на добар пат

Техничкиот шеф на АлфаТаури, Џоди Егинтон, се наева дека иднината на младата екипа е светла и дека се движат во вистинска насока.

Франц Тосе се плашеше дека ограниченото трошење ќе им донесе многу тешка сезона, но тие всушност го зголемија буџетот и фрлија се на карта на новиот болид за сезонва. Иако не дојдоа до посакувното 5то место за кое се бореа со Алпин лани, сепак тимот имаше одлична сезона предводена од повратникот, фантастичниот французин Пјер Гасли, а двајцата возачи остануваат во екипата и годинава.

на добра патека сме, но сеуште сме многу млада екипа со млади инженери и дизајнери што е фантастично да се види – посочи егинтон.

Тимот традиционално вади максимум од ограничените ресурси кои ги има на асполагање, а со дополнителните финансии се надеваат дека ќе престигнат некои од своите ривали. Очекуваат многу повеќе делови директно од Ред Бул поради проширувањето на листата на такви делови, така што и тоа им оди во прилог.

не сме помеѓу поголемите екипи и нема одеднаш да станеме таква. имаме 150-200 вработени помалку одошто другите, но верувам дека сме на вистинскиот пат.

целта е иста како и секогаш, филозофијата на тимот е иста поради тоа што се покажа добро, но правилата се целсно нови и поради тоа очекуваме поголем напредок. она што го гледаме од аеродинамиката е во рамките на очекуваното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ