Алфа би сакале младинци од Ферари и во иднина

Алфа Ромео се отворени за продолжување на соработката со Академијата на млади возачи на Ферари и во иднина и покрај тоа што по три години во тимот, годинава за нив нема да вози младинецот на Скудерија, Антонио Џовинаци.

Тимот во Ноември потврди дека целосно новит праваил ќе ги почне со двајца нови возачи, Валтери Ботас кој доаѓа од Мерцедес и дебитантот Гуанју Жу кој ќе стане прв кинез во Формула 1. Актуелниот возач на Ферари, Шарл Леклер, дебитираше со тимот кој тоаш беше познат како Заубер, а него во Хинвил го наследи Џовинаци следната сезона.

Во Јули, шефот на тимот, Фредерил Васур, потврди дека имаат слободен избор на возачи и флексибилност во однос на договорот кој го имаат со Ферари, а дополни и дека се отворени за возач од ФДА во иднина.

тоа што се одлучивме за друга опција не значи дека немаме можност да работиме со ферари во иднина. ќе разгледуваме од случај до случај затоа што соработка со возач не е нешто што може да се планира за следните 10 години. исто така, тие се академија за развој на млади таленти која има нови возачи секоја година и поради тоа треба поединечно да се разгледува а најдоброто на двете страни – посочи францускиот шеф на екипата.

Освен Леклер и Џовинаци, доста млади возачи на Ферари возеа Алфа Ромео последните години. Вицешампионот од 2020 година, Калум Илот, работеше како тест и резервен возач лани, додека Мик Шумахер имаше тренинг сесии со тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ