Алфа го открија проблемот на Жу

Во Алфа Ромео веруваат дека квалификациите се сегментот каде Гуанју Жу треба најмногу да се подобри во оваа Формула 1 сезона.

Првиот кинески возач во Формула 1 е единствениот дебитант на овогодинешниот грид и имаше одличен почеток на својата кариера о поен на дебито во Бахреин. Одтогаш не успеа да го дополни своето бодовно салдо во ситуација во која неговиот многу поискусен колега, Валтери Ботас, редовно завршува во добри поени и донесе дури 30 за швајцарската екипа.

На последната трка во Мајами, Ботас беше 5ти на квалификациите, додека Ќу беше дури 12 позиции зад него и ја заврши својата трка по само 7 извозени кругови откако го мина Даниел Рикардо поради технички проблеми.

ни протече гориво по првиот круг, се обидовме неколку работи, но не успевавме да го контролираме проблемот и моравме да го повлечеме болидот за да го заштитиме моторот – посочи главниот инженер на тимот од хинвил.

Со претекнувањето над Рикардо, Гуанју покажа добро тркање, а според Пужолар, штета е што кинезот стартувал толку назад на гридот.

мислам дека единствен проблем му се квалификациите. се беше како што треба во првиот сегмент и имаше потенцијал да оди до последниот, но не стигна ни до к2 и знае дека тоа е проблем.

на трка се бореше и тркаше со сите, одличен тркач е и сигурни сме дека во мајами ќе завршеше во поени ако немаше проблем со болидот. на секоја трка се бори со некого, претекнува, не е некој на кого му требаат 15 кругови за претекнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ