Алфа доби право повторно да се разгледа казната на Кими

Тимот на Алфа Ромео доби право на ревизија на казната од 30 секунди на Кими Раиконен која финецот и тимот ги чинеше поени на Емилија Ромања Гранд При трката.

Раиконен го агуби своето 9то место како резултат на казната откако стјуардите на ФИА одлучија дека ги прекршил правилата во однос на црвеното знаме во пресрет на рестартот од трката.

Во кругот пред рестартот зад безбедносно возило, Кими ја изврте својата Алфа на 3та кривина пред да се врати и да продолжи, а правилата велат дека тој може да се ја врати својата позиција пред одредена линија на патеката. Но, тој не успеа во тоа и поради несигурноста во однос на прoцедурата, пред рестартот мина на патеката наместо низ боксот.

Алфа Ромео сметаат дека казната не е фер и побараа ревизија врз база на новоприложени докази. По сослушувањето на стјуардите во Петок на Портимао, донесена е одлука дека новите елементи треба да се разгледаат.

ФИА ги одби одредени документи и белешки и не сметаше дека треба да се иа сомнеж во одлукаа, но прифати доказ дека претходно немало казна од таков вид во Формула 1. Во тимот од Хинвил сметаа дека одлуката на стјуардите не била во ред.

Во своето објаснување за ревиијата на казната која ќе се случи, ФИА посочи дека интерпретацијата била направена врз база на претходни престапи, но во Формула 2 и во Формула 3, но призна дека такво прекршување на правилата не се случило под црвено знаме.

во однос на одлуката и како дел од сослушувањето, стјуардите не открија посебни случаи на таков престап кои се случиле под црвено знаме. тоа е само еден елемент од неколкуте кои ги разгледуваат сјуардите, но истиот податок не беше дотапен за време на оригиналната одлука и беше дел од барањето за ревизија – се вели во соопштението.

Утрово преку видео конференција со Алфа Ромео, стјуардите ќе го чујат целото објаснување од тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ