Алфа Ромео веќе планира подобрувања за првите трки

Алфа Ромео планира да донесе подобрувања за својот болид Ц41 на раните трки од сезоната во 2021 пред да одлучи кога да го смени фокусот на 2022 година.

Алфа Ромео го претстави новиот болид Ц41 во Полска во Понеделник, а на подобрениот модел ќе му даде шанса во Петок при кратко возење на патеката во Барселона, користејќи ден за снимање.

Со промена на техничките прописи за 2022 година, на тимовите им беше дозволено да работат на развој на болидот за следната година од 1 Јануари. Повеќето ја поминаа зимата обидувајќи се да проценат кога целосно ќе го запрат развојот на болидот за 2021 за да го сменат фокусот на 2022 година, додека тимот на Хаас навести дека ќе престанат со развојот за 2021 година што е можно поскоро.

Говорејќи на промоцијата на болидот Ц41, техничкиот директор на Алфа Ромео, Јан Мончу, изјави дека тимот сепак планира некои подобрувања за почетокот на сезоната во 2021 година.

2022 година навистина ќе биде нова ера за техничката страна во Формула 1.

Тоа е одлична можност за нас како релативно мал тим да се обидеме да ги стигнеме тие пред нас. Значи, тоа ќе биде клучна година за нас.

Имајќи го ова предвид и фактот дека во 2021 година, за прв пат видовме воведување на буџетската граница, што значи дека може да се развивате само со дадена количина на ресурси и тие се ограничени, тоа е компромис кој треба да се направи и секој тим ќе процени колку е потрошено за реалниот болид и колку ќе биде насочено кон болидот за следната година.

Мислам дека секој тим на крајот ќе прекине порано со развојот на болидот 2021, за да има максимални ресурси насочени кон болидот за следната година.

Тоа не значи дека нема да го развиваме болидот. Ние планираме да имаме еволуции на првите трки и сè уште работиме малку во воздушниот тунел на овој болид.

Мончу објасни дека Алфа Ромео потоа ќе ги процени своите перформанси во раниот дел од сезоната пред да одлучи колку долго ќе работи на болидот за 2021 година пред да го префрли фокусот на следната година.

Ќе видиме како ќе се одвива сезоната, ако бидеме принудени да направиме нешто повеќе отколку што се надевавме, или ако можеме да започнеме порано.

Но, секако дека ќе биде поинаква сезона, во однос на техничката трка, бидејќи повеќето тимови ќе гледаат на 2022 година. Заради ограничување на буџетот, едноставно не можете да си дозволите да развивате два болида паралелно.

Алфа Ромео се одлучи да ги потроши своите развојни токени за болидот во 2021 на дизајнирање на нов нос за Ц41, како и фокусирање на предната суспензија и сопирачките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ