Алфа Ромео го променија официјалното име на тимот и логото

Целосното име и лого на Формула 1 тимот на Алфа Ромео ќе биде малку променето за тркачката сезона која ни претстои.

До лани тимот беше познат под официјалното име Алфа Роме Рејсинг Орлен, а годиава официјалното име ќе биде Алфа ромео Ф1 тим Орлен. Орлен е полски државен нафтен гигант која поседува и рафинерија се главни спонзори на тимот поради што Роберт Кубица е резервен и тест возач на екипата. Исто така, променето е и логото на екипата.

промоцијата на името претставува нов пристап на екипата како што спортот влегува во нова и храбра ера со новите правила. во исто време остануваме поврзани со скорешнотоминато преку идентитетот и главниот партнер присутен во името. алфа ромео и орлен, кои остануваат во екипата на долг рок, продолжуваат да притискаат – велат од хинвил.

Тимот има целосно нов тандем возачи за сезонава, но сеуште не објавиле датум за промоција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ