Алфа Ромео има најголем напредок годинава

Алфа Ромео цели на поени на секоја трка откако направи огромен чекор напред по пласманот на 8мо место на крајот на ланската година со само 8 освоени поени за 17 трки. 

Сега стојат цврсто во средниот ред на првата трка каде Џовинаци се квалификуваше на 12та позиција и тој и Раиконен трката ја завршија на 11то и 12то место.

Имавме солиден старт на сезоната и очекуваме да напредуваме. Имаме голем чекор во однос на перформанси, можеби најголем од сите во средниот ред и очекуваме да сме во топ 10 на секоја трка.

Минатата година во Имола го имавме најдобриот резултат и очекувам тоа да го повториме. Тешко е да се престаса на оваа патека и затоа квалификациите се клучни за да имаме добра позиција на трката и да освоиме поени – изјави фред васур, првиот човек на екипата.

Џовинаци изјави дека тоа што го видел од Бахреин им дава голема доверба за напредокот на тимот. 

Знаеме дека ќе се бориме и мора да имаме мирен викенд за да поентираме. Разликите се мали и важни се квалификациите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ