Алфа Ромео и Хаас со нови мотори во Мелбурн

Швајцарски Алфа Ромео и американски Хаас, инаку муштерии на Ферари, добија нови мотори со внагрешно согорување за претсојниот викенд за Големата награда на Австралија.

Новите делови во четирите болиди се вградени без никакви казни поради тоа што се работи за прва промена кај возачите. Но, загриженоста за издржливоста и квалитетот на моторот на Ферари станува се поголема.

На првата трка во Бахреин, Шарл Леклер имаше проблем со агрегатот додека се возеше на подиум позиција и се откажа од 3то место паркирајќи се крај патеката. Во Џеда, втората трка од календарот, тој беше беше на својот втор мотор со внатрешно согорување, исто како и неговиот колега Карлос Саинз. Леклер искористи и 3та контролна електроника на Саудиското Гранд При поради што доби и казна од 10 позиции во пресрет на стартот.

Надвор од ергелата на Ферари, само двајца возачи имаат променето мотор со внатрешно согорување во моментов, тоа се Ландо Норис од Мекларен и Ник де Врис од АлфаТаури, додека многу возачи се решија а нов издувен систем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ