Алфа Ромео казнети со 10.000 евра поради гумите

По петочните тренинг сесии, Алфа Ромео добија казна од 10.000 евра поради неследење на пропишаната процедура од страна на ФИА, а која се однесува на користење на гумите.

Екипите се обврзани да вратат два сетови гуми за сува подлога по возач два часа по крајот на првиот петочен тренинг и тоа по електронски пат, а физички треба да се однесат во седиштето на Пирели на патеката пред почетокот на вториот тренинг. ФИА заележа дека електронски тоа не е најавено за сетовите на Валтери Ботас и Гуанју Жу. На сослушувањето со претставници од тимот, призната е грешката, така што стјуардите изрекоа казна од 5.000 евра по болид.

Техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, посочи дека Алфа неколку пати прават таква грешка и поради тоа овој пат минуваат со парична казна наместо само со опомена.

претставникот од алфа ромео призна дека ги прекршиле правилата и објасни дека инженерот задолжен за таа обврска пропуштил да пријави. техничкиот делегат потврди со пирели дека електронското најавување на гумите кои треба да се вратат не се случило иако гумите биле вратени физички во пресрет на вториот тренинг.

согласност со електронскиот процес е многу важен затоа што фиа се потпира на тоа за да ги следи сетовите со цел алокацијата да биде исправна. според техничкиот делегат, тимот неколку пати оваа сезона не правел електронска пријава поради превид, нешто што не беше негирано од претставникот на екипата.

иако не е стекната предност од никаков вид со непочитувањето на правилото затоа што гумите беа физички вратени во предвнидениот ток и не беа одново користени, случено е само техничко прекршување на правилото – велат стјуардите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ