Алфа Ромео најверојатно ќе продолжи со Ферари

Алфа Ромео Заубер се подготвуваат за продолжување на партнерството со Ферари до 2025 година и покрај гласните дека ќе се здружат со Рено.

Швајцарската екипа е клиент на Скудерија уште од 2010 година, а во 2019 година тие се приближија дополнително и го земаа името на сестринскиот бренд, Алфа Ромео. 

Постоечкиот договор истекува оваа година, а се зборуваше дека екипата од Хинвил сака да продолжи со Рено. Но, според извори на motorsport.com, договорот со Ферари е веќе готов и тие ќе продолжат до 2025 година. 

Иако соработката сеуште не е потпишана, веќе се прават планови за продолжување, а дизајнот на шасијата за 2022 покажува дека ќе се продолжи со мотор на Ферари. 

Рено го загуби својот последен клиент Мекларен и сега бара нови тимови за соработка. 

Иако шефот на Алфа Ромео, Фредерик Васур, има одлични врски со Рено каде претходно работеше како шеф на екипата, сепак акционерите на тимот сакаат да продолжат со италијанците. Продолжувањето на договорот е да се задржи политиката на Ферари со два клиентски тима покрај фабричкиот. 

Алфа Ромео возат со возач на Ферари и тоа Антонио Џовинаци, додека Хаас го има Мик Шумахер. Не е јасно дали ќе се продолжи со името Алфа Ромео откако се споија ФЦА и ПСА под името Стелантис. Васур изјави дека минатата сезона било пресудно партнерството со Алфа Ромео. 

Не сакам да зборувам за финансискиот аспект, но сигурен сум дека тоа е дел од ова. Мотивацијата на тимот е тоа што му треба и мора да си дозволиме да регрутираме членови кои ќе го зголемат развојот на компанијата. Фактото што продолжуваме со Алфа Ромео е навистина возбудлив и за нас е еден вид награда – смета васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ