Алфа Ромео побараа ревизија на казната на Кими од Имола

Алфа Ромео официјално побараа од ФИА да ја ревидира казната од 30 секунди која му ја доделија на Кими Раиконен на Имола која го чинеше губење на 9то место кое го освои на крајот од трката.

Стјуардите сметаа дека финецот ги прекршил правилата кога не влегол во боксот за рестартот на трката по црвеното знаме. На круг пред рестартот, тој се изврте со својот болид на 3та кривина пред да продолжи, а правилата велат дека возачите може да си ја вратат својата оригинална позиција се додека тоа се направи пред линијата означена за безбедносното возило.

Раиконен не влезе во гаражата и рестартот зад безбедносното возило го дочека на патеката што се смета дека е кршење на правилото. Поради тоа, добиа казна од половина минута која од 9то го однесе на 13то место, а ги награди со поени Естебан Окон и Фернандо Алонсо.

По трката, шефовите на Алфа објаснија дека не биле сигурни што Кими треба да направи и побарале совет од контролата на трка. Според главниот инженер на патеката на тимот, Чави Пухолар, договорот дошол предоцна за да биде испочитуван.

кими излета зад безбедносното возило и загуби позиција, така што ние целевме да си ги вратиме загубените позиции. побаравме од кии да го направи тоа, а тој прашуваше дали и кога треба да си ја враќа позицијата. не знаевме точно дали за време на формацискиот круг или кругот зад безбедносно возило и поради тоа побаравме појаснување од фиа.

додека го чекавме нивниот одговор и му рековме на кии да почека, беше предоцна, оставме на нашата позиција, а потоа добивме казна – појасни пухолар.

Правилата им дозволуваат на екипите да побараат ревизија на казната доколку имаат некој нов доказ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ