Алфа Ромео: Погрешно е што Џовинаци игнорира наредби

Антонио Џовинаци не ја послуша тимската наредба да го пропушти Кими Раиконен во последната фаза од трката за Големата награда на Турција

Од тимот сметаат дека тоа не е добро бидејќи Раиконен бил побрз од него и два пати барале од Џовинаци да го пропушти. Чави Пухолар од Алфа Ромео смета дека тоа влијаело на резултатот на тимот. 

Побаравме да ги заменат позициите и баш во тој момент Антонио реши да се забрза и да остане понапред. 

Двајцата возачи завршија надвор од поени откако Џовинаци не можеше да го престаса Естебан Окон кој возеше со целосно истрошени гуми. 

Ни требаше уште еден круг да го стигнеме Окон. Не беше идеално за тимот и Не разбирам зошто не ја замени позицијата.

На почетокот на трката не се фокусираме на тоа кој е посилен бидејќи двата болида се во слична позиција. Не можевме да си дозволиме долго да чекаме на промена бидејќи форсирањето на Кими ги трошеше неговите гуми. Никој не знаеше уште колку време ќе се вози на интермедиа гуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ