Алфа Ромео први објавија датум за промоција

Алфа Ромео Рејсинг е прва Формула 1 екипа која официјано потврди време и место за промоција на својот датум на оваа тркачка сезона откако ги потврдија плановите новиот болид да биде промовиран во Врашава, главниот гра на Полска.

Алфа Ромео Ц41 ќе се покаже на 22 Февруари во Варшава, базата на нивниот главен спознор, Орлен, но точното време и место каде тоа ќе с естори сеуште не се потврдени.

Со тоа швајцарската екипа стана прва екипа од гридот која потврди време и место за промоција на овиот болид,  се верува дека најголем дел од тимовите на гридот своите болиди ќе ги прикажат во пресрет на првиот ден од предсезонскиот тест кој е преместен од Барселона во Бахреи.

Алфа Ромео лани се тркаа со Ц39, а оваа година болидот ќе се вика Ц41 и ќе следи слични дизајнерски решенија како и нивниот доставувач на мотори, Скудерија Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ