Алфа Ромео сакаат чиста трка во Русија

Алфа Ромео целат кон чиста трка викендов во Сочи за Руското Гранд При и се надеваат на нов пласман во поени по тој на Кими Раиконен на Муџело.

Раиконен стигна до првите поени во 2020 година со пласман на 9то место на Тосканското Гранд При. Тимскиот шеф, Фредерик Васур, го изјави следното пред новиот тркачки викенд.

Одиме во Русија со самодоверба по поените на Муџело. Не само што поените ни даваат мотивација, но и фактот што ги освоивме со многу оштетен болид. Направивме некои чекори напред, а сега треба да продолжиме така и да ги нападнеме другите тимови во средината.

Чиста трка ќе биде клучна за да го максимизираме нашиот потенцијал, но може да бидеме позитивни пред Сочи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ