Алфа Ромео ќе има корист од малиот буџет за 2 до 3 години

Спортскиот директор на Алфа Ромео, Беат Зендер, изјави дека поголемите тимови ќе имаат проблеми со лимитираниот буџет од 145 милиони долари за оваа сезона. 

Лимитот од 145 милиони долари дополнително ќе се намалува во наредните години за по 5 милиони.  Овој потег е направен за намалување на трошоците и амортизирање на ударот на пандемијата како и доближување на тимовите. 

Добро е, ама нема да се почувствува во 2022година.

Ние сме доста ефикасни. Доколку се споредат листите на вработени ќе видите дека имаме помалку луѓе на патеката.

Корист ќе има во 2023 и 2024 година. Големите тимови нема да треба да отпуштат 300 – 400 луѓе преку ноќ. Тие треба да поминат низ транзиција да ги направат новите болиди за 2022 година со повеќе ресурси и персонал. Богатите тимови секогаш имаат предност кога се носат нови правила. За нив ќе биде потешко да се адаптираат на новите правила додека за нас не прави разлика. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ