Алфа Ромео ќе одлучи за возачите до Септември

Швајцарскиот тим Алфа Ромео, кој е тесно поврзан со Ферари, конечно се фокусира на своите возачи.

Има доста прашања околу тоа дали Кими Раиконен ќе го задржи местото во тимот и дали Мик Шумахер ќе дојде на местото на Џовинаци. Се појавија гласини дека Фред Васур ќе го има последниот збор, а не како до сега Ферари. Исто така, се зборува и дека тимот е заинтересиран за услугите на Валтери Ботас.

Не одлучувам сам, Целата компанија одлучува. Ќе знаеме кој ќе вози до септември. Вие мислите дека Ботас ќе дојде во тимот. Сите мора да почекаат до септемрви – откри васур.

Француинот е среќен иако немаат добри резултати оваа сезона. 

Нашиот проект го прави тимот интересен за возачите на пазарот. 

Но сепак, Алфа Ромео нема посебно да се истакне наредната сезона со новите технички правила. 

Во првата година, разликите меѓу тимовите ќе бидат поголеми од сега. Кога ќе се стабилизираат работите, ќе има подобра иднина за нас. Браун во 2009 година дојде од никаде и освои титула. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ