Алфа сеуште се мачи поради проблематичната 2017 на Заубер

Техничкиот шеф на Алфа Ромео, Јан Мончу, вели дека тимот сеуште се мачи поради проблематичната 2017 година која ја имаше тимот на Заубер.

Екипата од Хинвил веќе го има насочено својот фокус кон следниот болид и целосно новите правила, а за тековниот болид се предвидени само некои мали подобрувања. Последните поголеми промени во спортот беа воведени во 2017 година, а екипата која тогаш беше позната како Заубер, не се адаптираше добро на истите и заврши на дното во поредокот со само 5 освоени поени.

мора да се земе во предвид историјата на заубер затоа што во 2017 година имаше голема промена на правилата. поради некои причини, тимот заврши лоша работа во тоа време, а болидот беше 4-5 секунди побавен од останатите. сеуште имаме последици од таа година.

кога ќе почнете со толку голем хендикеп, мора да надоместите додека и останатите напредуваат и одат се подалеку. многу е важно за нас првиот болид согласно целосно новите правила од следната година да не заостанува многу во однос на останатите, да бидеме конкурентни од самиот почеток.

тоа ќе ни влее надеж дека во годините кои следуваат ќе бидеме на врвот од средината на поредокот и константно ќе напредуваме нагоре – посака мончу.

Ланската сезона беше најлоша за екипата по погореспоменатата 2017 година и тимот заостаунваше од средината на поредокот со Вилијамс и Хаас како единствени конкуренти. Сепак, швајцарската екипа беше најдобра во битката со освоени вкупно 8 поени.

Годинава, судејќи по првата трка, се чини дека тимот напреднал, пред се поради далеку посилниот мотор на Ферари, двата болиди дојдоа до средниот квалификациски сегмент и завршија на најнепосакуваните позиции, 11то и 12то место.

на патеки каде треба да се грижиме за гумите, се мачиме. инвестиравме многу време. енергија да се поправиме и сега сме подобри во тој поглед.

никогаш не постои една и лесна причина за перформанси, во спротивно никој немаше да има проблеми. некои наши маки се решени во текот на сезоната, но за други треба време затоа што се менуваат одредени делово од болидот.

најважно е да рабтиме согласно очекувањата и симулациите. никој не сака проблеми со корелација, особено не во оваа сезона. не е тајна дека веќе се фокусираме на следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ